Пролетта е совршено време за патувања, спонтани авантури и откривање нови места. Градовите ширум Европа се исполнети со туристи, улиците се гласни и имаат посебна енергија, а сончевите денови го прават секое патување уште поубаво. Токму затоа, ова е периодот кога сите сакаме да создадеме нови спомени, но и да се грижиме за себе додека уживаме во секој момент.
Милано е прекрасен град вистинска престолнина на модата и дом на неверојатната архитектура што остава без здив. Од елегантните улици до историските знаменитости, секој агол раскажува своја приказна. Иако сонцето во овој период од годината не е толку силно, не треба да дозволиме тоа да не залаже и кожата да биде незаштитена. Напротив, SPF заштитата е неопходен дел од секојдневната рутина, особено за време на патувања и долги прошетки низ градските улици.
Новиот Eucerin Sun Face Oil Control Daily UV Serum SPF 50+ е вистински „must have” производ за сончевите денови. Обезбедува многу висока заштита од УВА и УВБ зрачење, го регулира вишокот себум, а воедно помага и во спречување на предвремено стареење на кожата.
Водителката Билјана Дебарлиева открива дека SPF заштитата е неизоставен дел од нејзината дневна рутина, особено кога патува. Таа сподели моменти од своето патување во Милано, каде покажа дека не ја прескокнува грижата за кожата ни додека ужива во нови авантури.
Бидејќи грижата за себе е дел од секое убаво патување.
Комерцијален текст






