СДСМ: Мицкоски нема да ги заврши реформите затоа што не сака да ги заврши

Макфакс

15/05/2026

15:10

144

Големина на фонт

а а а

Во текстот се пренесува реакцијата на СДСМ на изјавата на Христијан Мицкоски, во која партијата го обвинува дека нема да ги заврши ветените реформи и не сака да ги исполни условите за напредок кон Европската унија.

Христијан Мицкоски денеска повторно се обидува да ја префрли вината на СДСМ за сопственото нефункционирање, реагираат од СДСМ, на изјавата на премиерот.

„Реалноста е следнава: Тој сам ја укина Техничката влада. Тој рече дека „СДСМ не му треба“. Тој вети дека до 1 јуни ќе ги заврши сите точки од Реформската агенда. Сега, кога не успеа да исполни ништо, повторно бара „разум од СДСМ“. Основниот услов за продолжување на преговорите со ЕУ е внесување на малцинствата во Уставот. Без тоа – нема напредок кон ЕУ, нема преговори, нема ништо. Мицкоски нема да ги заврши реформите затоа што не сака да ги заврши. Не сака независно судство, не сака Европско јавно обвинителство и не сака да ги исполни европските услови. СДСМ нема да му даде алиби за неисполнување на реформската агенда. Мицкоски не сака ЕУ. Тој сака само власт без контрола и без одговорност за да тера бизниси. Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега“, велат од СДСМ.