Уапсен 26-годишен скопјанец за уцена, при апсењето повредил полицајка

Макфакс

15/05/2026

16:00

240

Големина на фонт

а а а

На 14 мај 2026 година е уапсен 26-годишен скопјанец поради сомнение за уцена преку мобилна апликација, при што при апсењето повредил полицајка. Тој барал 8.000 евра, ја зел половината сума и бил фатен од полицијата.

Уапсен 26-годишен скопјанец за уцена

На 14.05.2026 на подрачјето Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода Е.И.(26) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „уцена“.

Имено, на 13.05.2026 во полициска станица, 61-годишен скопјанец пријавил дека во периодот од 09.05. до 13.05.2026 на мобилна апликација на негов број добивал пораки од едно лице кое го уценувало и барало од него да му исплати 8.000 евра, во спротивно за него ќе објавел компромитирачки фотографии, видео материјали и разговори. Како што е пријавено, тој со лицето договорил да му даде 4.000 евра и го договорил местото и времето на примопредавање на парите, по што пријавил во полициска станица и му биле дадени крим-технички обработени пари.

Откако лицето ги земало парите со ковертот било забележано од полициски службеници и било лишено од слобода, по што било утврдено дека станува збор за Е.И. од Скопје.

При лишувањето тој турнал полициска службеничка, која се здобила со повреди и се обидел да побегне, но бил фатен и приведен. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.