Од 8 до 10 мај ќе се одржи голем фестивал „Откриј ги тајните на корејската убавина“ со содржина посветена на современите трендови за нега на кожа, настан, кој ќе ја доближи корејската козметика и нејзиниот глобален пристап кон убавината до домашната публика.
За љубителите на негуваната кожа, во текот на трите денови, на приземјето од Скопје Сити Мол, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со различни производи, со корејските рутини и пристап за нега, како и до ефектот за сјајна и мазна кожа, кои во последните години стануваат сè поприсутни и кај нас.
Фестивалската програма, предвидува секој ден и едукативни панел-дискусии на кои експерти, фармацевти и дерматолози ќе говорат за современата дермокозметика, активните состојки и придобивките од корејскиот пристап кон убавината. Фестивалот е можност посетителите директно да се информираат, да споредат и да откријат производи, кои одговараат на нивните потреби, во период кога негата на кожа станува сè поважен дел од секојдневието.
Корејската козметика се издвојува по тоа што нуди практични и ефективни решенија за различни типови кожа и возрасти. Таа подеднакво е прифатена кај тинејџери кои се соочуваат со првите проблеми на кожата, како и кај возрасни жени и мажи кои бараат одржување на здрава, хидрирана и негувана кожа. Производите се базираат на лесни текстури, природни состојки и постепени резултати, со фокус на секојдневна нега, а не на брзи и агресивни третмани. Ваквиот фестивал е можност на едно место да се добие појасна слика за тоа што значи „K-beauty“ и како може да се примени во секојдневната рутина.
На настанот ќе бидат претставени неколку брендови.

CosLOVEmetics, кои нудат внимателно селектиран избор на корејска козметика за нега на кожа. Со над 3000 производи од 120 светски козметички брендови, располагаат со шаренолика палета продукти за љубителите на корејската козметика да ја постигнат најдобрата верзија на својата кожа. Coslove имаат и бесплатно советувалиште за персонализирани совети и поддршка.
Yeppeuda е бренд кој активно ја развива корејската козметика на македонската сцена, нудејќи внимателно селектиран избор од над 20 светски брендови за нега на кожа и коса. Во своето портфолио, имаат сертифицирани и безбедни производи со чисти и ефективни состојки, со фокус на квалитетот и резултатски ориентирани решенија, кои ја истакнуваат природната убавина и ја поттикнуваат самодовербата. Секој производ ги следи принципите на етички пристап, одржливост и транспарентност. Бидејќи, убавината не е само надворешен изглед, туку баланс помеѓу надворешната нега и внатрешната благосостојба. Брендот ја промовира свесната грижа за себе како начин на живот – нега која е нежна, конзистентна и вистински ефективна.
Во рамки на компанијата Зегин, функционира специјализирана продавница за корејска козметика – K-Beauty Зегин која во богатото портфолио нуди преку 30 корејски брендови. Секој производ е внимателно избран за да го поддржи природниот ритам на кожата и да ја разбуди нејзината внатрешна убавина. Од биоразградливи маски до пакувања за дополнување и вегански формули, корејската линија ги привлекува еколошко свесните корисници и нуди персонализиран пристап за сјајна кожа преку уметноста на корејската козметика, со помош на Face Skan апаратот за одредување тип на кожа и испитување на скалпот на косата.
Комерцијален текскт















