[ВИДЕО] Енрике Иглесијас повторно сподели момент од концерт каде страсно бакнува жена од публиката, на многумина им е спорно

Точка

02/05/2026

17:38

1.411

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот пејач Енрике Иглесијас повторно сподели вирална видеоснимка како бакнува жена од публиката во образ, а потоа таа ненадејно ја врти главата и го бакнува во усните.

Енрике Иглесијас пред три дена на својот X профил повторно сподели видеоснимка која предизвика големо внимание. Иако изненаден од овој гест, Енрике не се двоумеше – ја прегрна околу половината и ѝ дозволи да сними селфи фотографии, додека неговото обезбедување внимателно ја набљудуваше ситуацијата. Потоа, пејачот благо ја оттурна, но остана насмеан, што не помина незабележано.


Овој момент не е првпат Енрике да го сподели ова видео. Снимката ја сподели и во 2022 година на својот Инстаграм профил, предизвикувајќи тогаш загриженост кај неговите обожаватели. Многумина се прашуваа дали неговата сопруга ќе се вознемири поради бакнежите.

„Ќе се вознемири ли твојата сопруга?“, „Како Ана го дозволува тоа?“, „Ох Боже, па тој е оженет“, „Која е оваа?“, „Жал ми е за неговото семејство што ќе го види ова“, се само некои од коментарите што се нижеа под видеото.

Пејачот, кој е во брак со Ана Курникова, одлучи да ја коментира оваа ситуација во разговор во 2024 година. Енрике откри дека неговата сопруга никогаш не била љубоморна поради неговите интеракции со женската публика.


„Ана никогаш не била љубоморна. Ќе биде на еден од моите концерти и јас повторно ќе го направам тоа. Тоа го правам постојано. Сакам да ги бакнувам и да ги прегрнувам своите обожаватели. Сакам да се доближувам до луѓето. Да не беа тие, немаше да бидам таму каде што сум“, рече Енрике во интервју, нагласувајќи колку ја цени поддршката од своите обожаватели.

Инаку, Иглесијас е познат по тоа што за време на своите настапи редовно повикува женско лице од публиката за време на изведбата на песната „Hero“ и го бакнува.