Новите лекови за Алцхајмер „под лупа“: Ефектот е значително помал од очекуваното

Точка

16/04/2026

16:45

410

Големина на фонт

а а а

Два нови лека против Алцхајмеровата болест, кои би можеле да го забават падот на когнитивните способности, најверојатно сепак нема да донесат позначајна корист за пациентите, покажува најновото истражување.

Научниците посочија дека дејството на лековите донанемаб и леканемаб е „значително помало“ од нивото што е потребно за да се промени животот на пациентите кои боледуваат од Алцхајмерова болест, пренесе Би-би-си.

Британската национална здравствена служба (NHS), во моментов не го покрива издавањето на овие лекови за заболените, па тие можат да се набават само приватно и тоа за значителна сума пари.

Двата нови лека делуваат против бета-амилоидот, леплив протеин што настанува со разградување на поголем протеин во масните мембрани на нервните клетки, а чие натрупување во форма на плаки во мозокот се смета за клучен биомаркер и причинител на Алцхајмеровата болест.


Истражувањето за слабоста на овие лекови, меѓутоа, предизвика жестока дебата, а некои угледни научници  сметаат дека има суштински недостатоци.

Имено тестирањето на двата нови лека, покажало дека тие можат да го успорат опаѓањето на когнитивните способности.

Ова претставуваше пресвртница, бидејќи ова е првпат некој лек да го забави разорувањето на мозокот кај Алцхајмеровата болест.

Во рамки на новото истражување наречено Кохранова колаборација, кое ригорозно и независно анализира медицински податоци, биле испитани 17 студии за лекови што го отстрануваат амилоидот од мозокот, а во нив учествувале 20.342 доброволци.


Општо земено, било заклучено дека овој пристап ја забавува Алцхајмеровата болест, но не доволно за да направи значајна разлика за пациентите.

Истовремено, лековите носеле ризик од оток на мозокот и крвавење, а дополнително треба да се даваат на секои две до четири недели и се прилично скапи.

Еден од авторите на извештајот, Едо Ричард, професор по неврологија на Универзитетскиот медицински центар Радбауд во Холандија, на прашањето што би им рекол на своите пациенти за новите лекови, кажал дека би им порачал дека веројатно нема да имаат поголема корист од нив.