[ВИДЕО] Снеже Велков била одбивана поради изгледот: „Ми велеле: 'Па, не си доволно секси', па добро што не сум, има некаде каде што треба да има памет“

Точка

09/04/2026

13:17

1.526

Големина на фонт

а а а

Снеже Велков повторно ја отвори една од најчувствителните теми на денешницата – притисокот врз жената да изгледа „совршено“ според наметнатите стандарди. Во искрено и без задршка интервју, таа проговори за моментите кога била одбивана поради својот изглед, етикетирана како недоволно сексапилна и соочена со очекувања кои често немаат допир со реалноста.

Наместо да подлегне на трендовите и идеалите што ги диктира модерното општество, Велков избрала поинаков пат – пат на прифаќање, самодоверба и автентичност. Со јасен став против пластичните операции и со порака дека вистинската убавина доаѓа однатре, таа испраќа силен апел до сите жени да останат свои, без разлика на годините и туѓите мислења.

✨„Не сум ставила досега големи гради, ниту ќе ставам. Доцна ми е, извинете. Сега да ставам гради на 45 години – за толку малку? Значи, нема, ми помина времето. И на 70 што ќе правам? За 25 години не ми требаат филери. Гради никогаш не би ставила“, рече водителката на емисијата „Нешто конкретно“.

Снеже вели дека иако е свесна за промените кои ги носи времето, сепак повеќе сака да биде фокусирана на своето психичко здравје:

✨„Јас се плашам од игли, генерално. Сè уште ниту тоа не сум го направила. Но, не знам што ќе ми се случи – знаете, по 45-тата доаѓа климакс, бранови, не знам што сè ќе се случи дотогаш. Додека можам, ќе се држам до ова и додека ми е здрав умот. Мислам дека е многу важно жените да бидат здрави во умот и да бидат свесни за тоа кои се и што се, да не се прават нешто што не се. Не можеме да се подмладиме. Јас не можам да изгледам како 25-годишна девојка, ниту треба, и не треба да се однесувам така. Никако не го прифаќам она дека ‘40-тите се новите 20-ти’. Ајде, те молам! Тоа никогаш не е така, ниту ќе биде. На 20 години немав никакви одговорности, немав ниту семејство зад себе, немав ниту пријатели, немав ниту проекти зад себе. А на 40 години ги имам и не можам да се однесувам како на 20 години. Така што, тоа за мене не вреди“.


Велков потоа откри и дека нејзиниот изглед некогаш бил бариера во професионалниот свет:

✨„Помогнал таму каде што треба, одмогнал таму каде што треба, затоа што сум била одбиена поради мојот изглед. Се случило да ми кажат: ‘Па, не си доволно секси’… Па добро што не сум – има некаде каде што треба да има памет, а не сексапил. Јас секогаш велам, сите знаат дека имам сини очи. Да имав деколте, никој немаше да знае дека имам сини очи. Тоа е тоа, ме разбираш? Снеже со сините очи или со дупчињата. Така сум со години, со долгата коса. И фала му на Бога, добро е“, рече Снеже, па се пошегува и за својата коса:

✨„Јас сум од тие кои мислат дека силата ми е во косата. И еве, можеби некакво суеверие – ако ја скратам косата, си мислам дека паметот ќе ми отиде. Не знам зошто, ама ете, така си се држам до долгата коса.“