Ова суштество младенчињата ги носи во торба на грбот: Откриен нов вид жаба во Амазон

Точка

03/04/2026

16:15

392

Големина на фонт

а а а

Научниците откриле нов вид минијатурна торбарска жаба во перуанскиот дел на Амазон.

Оваа жаба ги носи своите младенчиња во природна торба на грбот, соопшти Истражувачкиот институт, а пренесе „Phys.org“.

Новиот вид водоземец, со научно име „Gastrotheca mittaliiti“ е долг од 2,7 до 3,3 сантиметри и е откриен во планински екосистем во регионот Амазонас, кој се граничи со Еквадор.

Жабата е со светлозелена боја и има мали испакнатини на грбот. Бројот на примероци во дивината не е познат.

Торбата ѝ овозможува на торбарската жаба да ги одгледува своите млади, наместо, како другите жаби, да се потпира на водена средина за развој на јајцата.


Во студијата се наведува дека овој водоземец е под „висок ризик“ бидејќи неговото живеалиште ги трпи последиците од климатските промени и влијанието на пожарите што ги предизвикуваат земјоделците расчистувајќи го тој регион.

„Ова е уште еден доказ за огромното природно богатство што го поседуваме… Ако продолжиме со истражувањата, има уште многу видови што чекаат да бидат откриени“, изјавил за „АФП“ Мануел Олива, директор на Истражувачкиот институт за одржлив развој „Ceja de Selva“, кој работи во рамки на Националниот универзитет „Toribio Rodriguez de Mendoza“.

Откритието е објавено во новозеландското списание „Zootaxa“, а истражувањето е спроведено во соработка со истражувачките оддели на Меѓународниот универзитет на Флорида и Универзитетот во Севиља, Шпанија.