Претреси во Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција

Макфакс

31/03/2026

13:03

112

Големина на фонт

а а а

Вчера во 18:30 во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го уапсија Љ.Ѓ.(39) од Гостивар.

При претреси во неговиот дом и помошни простории на ул. „Балиндолска“ и во негов стан на ул. „Илинденска“, извршени со судска наредба, пронајдени се и одземени 13 кесички со бела прашкаста материја, дигитална вага, околу 150 парчиња муниција од различен калибар, еден сигнален пиштол, патрони за ловечка пушка и една воздушна пушка.

По целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.