Кац: Израел воспоставува тампон зона во јужен Либан

Макфакс

31/03/2026

13:49

196

Големина на фонт

а а а

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес изјави дека Израел ќе воспостави тампон зона во јужен Либан и ќе ја задржи контролата врз целата област до реката Литани кога ќе заврши конфликтот со членовите на милитантната група Хезболах.

„На крајот од операцијата, Израелските одбранбени сили (ИДФ) ќе ја контролираат областа до реката Литани, вклучувајќи ги и преостанатите мостови на реката Литани, додека ќе ги елиминираат единиците Радван (елитни единици на Хезболах) кои се инфилтрирале во областа и ја уништиле целата воена опрема таму“, рече Кац во изјава по безбедносната проценка, нарекувајќи ја „безбедносна зона“, пренесува Ројтерс.

Кац додаде дека повеќе од 600.000 либански жители кои беа евакуирани на север нема да можат да се вратат јужно од реката Литани додека не се обезбеди безбедноста на жителите на северен Израел.

За таа цел, „сите куќи во селата во близина на границата во Либан ќе бидат уништени, според моделот на Рафа и Бејт Ханун во Газа, со цел трајно отстранување на заканите за жителите на северот на Израел“, рече Кац, пренесува Танјуг.