Потпишан Колективниот договор: Следува етапен раст на платите во земјоделството

Макфакс

26/03/2026

12:55

176

Големина на фонт

а а а

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, со претставниците од синдикалните здруженија денес во просториите на министерството го потпиша Колективниот договор со кој се предвидува раст на платите на вработените како и доуредување на работниот статус.

„Ова е важен чекор, имајќи во предвид дека неколку години немаше важечки Колективен договор, што претставуваше загриженост и неизвесност, како и ограничена можност за унапредување на правата и условите за работа на вработените во ресорот“, велат од Министерството.

Дополнително, освен значително зголемување на платите, во Колективниот договор се обезбедува и заштита на правата и унапредување на работните услови за сите вработени.

Согласно Колективниот договор зголемувањето на платите ќе се реализира етапно во следните три години.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека со овој чин ја потврдува својата заложба за градење стабилен, праведен и мотивирачки работен амбиент, во кој трудот на вработените соодветно ќе биде вреднуван, а нивните права заштитени.