Правило 10-80-10: Како би се однесувале луѓето во случај на нуклеарна војна

Точка

25/03/2026

20:39

433

Големина на фонт

а а а

Иако сценариото за нуклеарен напад и понатаму е малку веројатно, со оглед на глобалните тензии темата за нуклеарна закана повремено повторно доаѓа во фокусот на јавноста.

Војната во Украина, нестабилноста на Блискиот Исток и стравовите од нуклеарно оружје дополнително ги поттикнуваат дебатите за тоа како луѓето би реагирале во кризна ситуација.

Во тој контекст се споменува правилото 10-80-10, кое опишува три типични модели на однесување во кризни околности. Според психологот Џон Лич:

10 отсто од луѓето реагираат смирено и рационално: тие ја проценуваат ситуацијата пред да дејствуваат, ја задржуваат присебноста и често преземаат иницијатива, помагајќи им на другите и носејќи клучни одлуки.


Околу 80 отсто од луѓето во вакви ситуации се збунети и дезориентирани: овие лица често не знаат како да реагираат, побавно донесуваат одлуки и потешко се снаоѓаат во хаосот што настанува по катастрофа.

Преостанатите 10 отсто реагираат сосема спротивно – панично или резигнирано: нивното однесување може да биде ирационално и контрапродуктивно, што дополнително ги намалува шансите за преживување.


Чести заблуди

Експертите предупредуваат и на вообичаени заблуди за тоа како треба да се реагира во случај на нуклеарен напад. Една од нив е идејата дека бегството со автомобил може да ја зголеми безбедноста, пренесува „Dnevnik“.

Брук Будемаер од Националната лабораторија „Lawrence Livermore“ претходно предупреди дека возилото не нуди вистинска заштита:

„Не влегувајте во автомобил. Не обидувајте се да возите и не претпоставувајте дека стаклото и металот на возилото можат да ве заштитат.“

Иако ваквите сценарија се теоретски, експертите нагласуваат дека присебноста, рационалното размислување и правилната проценка на ситуацијата можат да бидат пресудни за преживување во екстремни услови.