„Peaky Blinders: The Immortal Man“ собра повеќе од 25 милиони прегледи за три дена на „Netflix“

Точка

25/03/2026

17:20

306

Големина на фонт

а а а

Филмот „Peaky Blinders: The Immortal Man“ забележа 25,3 милиони прегледи во првите три дена на „Netflix“.

Инаку, филмот е достапен на платформата од 20 март, а станува збор за продолжение на популарната серија на „BBC“, „Peaky Blinders“, во која глумеше Килијан Марфи, а која се прикажуваше шест сезони од 2013 до 2022 година.

Серијата веќе имаше очекувана публика на „Netflix“, кој ги поседува правата за стриминг во САД и разни територии надвор од САД, а новиот филм брзо стана најгледаниот наслов на „Netflix“ во текот на неделата од 16 до 22 март.

Вториот наслов по гледаност таа недела, водечки на листата на ТВ-специјали (содржина што не е на англиски јазик), беше „BTS The Comeback Live: Arirang“, кој премиерно беше прикажан на 22 март и достигна 13,1 милион прегледи пред истекот на периодот на гледање таа вечер. Земајќи го предвид целиот ден на гледање, специјалот на K-pop концерт во живо достигна 18,4 милиони гледачи.

Веќе втора недела по ред, наслов број еден на листата на телевизиски серии на англиски јазик беше втората сезона од серијата „One Piece“.


Серијата во првата недела на прикажување забележа 11,1 милион прегледи откако дебитираше со 16,8 милиони прегледи за четири дена. Првата сезона исто така повторно се појави на листата, на четвртото место, со 4,4 милиони прегледи.

Второпласирана ТВ-серија на англиски јазик оваа недела беше седмата сезона од серијата „Virgin River“ со 7,7 милиони прегледи во втората недела на листата, а по неа следи втората сезона од серијата „Beauty in Black“ со 5,3 милиони прегледи во четвртата недела.