Поранешната тенисерка Ана Курникова ретко се појавува во јавноста, па затоа фановите биле воодушевени кога папарацо фотографите ја фотографирале три месеци откако се породила по четврти пат.
Ана Курникова некогаш беше една од најубавите тенисерки на светот, а потоа се повлече од јавноста.
За неа и нејзиниот приватен живот се знае многу малку. Според пишувањето на медиумите, веќе 24 години е во љубов со музичарот Енрике Иглесијас, којшто исто така својот приватен живот сака да го задржи за себе.
Тие двајца неодамна станале родители по четврти пат, а малиот Ромео е роден кон средината на декември минатата година.
Тие веќе ги имаат осумгодишни близнаци Луси и Николас, како и петгодишната Мери, а името и полот на четвртото бебе го открија неодамна.
Поранешната тенисерка сега е повторно во центар на внимание поради тоа што била забележана во јавноста првпат по породувањето, а ова исто така спаѓа и во нејзините ретки јавни појавувања.

Ана Курникова била фотографирана сама, без Енрике, а своите три деца ги однела во aквапарк во текот на пролетниот распуст.
Таа се појавила во лежерни издание, без шминка и во спортска комбинација.
Со оглед на тоа што сите се сеќаваат на неа од гламурозните денови и нејзината слава, медиумите сега пишуваат дека е одвај препознатлива.

Фотографиите предизвикале лавина коментари за тоа дека Курникова многу се сменила, со оглед на тоа што била фатена без грам шминка.
Од друга страна, забележливо е дека Ана за кратко време ја вратила старата линија на тело по породувањето.










