[ВИДЕО] Ова никој никогаш не го направил досега! Рони О’Саливен оствари најголем брејк во историјата – 153 поени

Точка

20/03/2026

12:01

929

Големина на фонт

а а а

Најпопуларниот, а веројатно и најдобриот играч во историјата на снукерот, Рони О’Саливен, оствари неверојатен подвиг.

Тој стигна до најголемиот брејк во историјата на снукерот со 153 поени во четвртфиналето на „World Open“ во Кина, а интересно е што тој фрејм го доби со резултат 169:0.

Познато е дека максималниот брејк во снукерот изнесува 147, но Рони успеа да го направи невозможното и да ја надмине таа бројка. Тоа му го овозможи Рајан Деј, кој промаши топка и му остави на Рони слободна топка.

Поради тоа, О’Саливен ја погоди зелената топка и го започна фрејмот со 8:0. Потоа уфрли 15 црвени, 13 црни и 2 розови топки за рекордни 153 поени (иако во овој случај максимумот би бил 155).

Рони на крајот го доби мечот со 5:0 и се пласираше во полуфиналето.

„Благодарам на сите што ми честитаа за овие 153. Тоа беше одличен момент во мојата кариера“, напиша легендарниот Рони на „Twitter“.