[ВИДЕО] Контроверзна изјава на австралиски водител: „Јас сум веган, а ги мразам веганите. Никогаш не го користам тој збор“

Точка

19/03/2026

12:04

257

Големина на фонт

а а а

Водителот Ошер Гансберг открил дека чувствува длабока одбивност кон веганите, иако и самиот се придржува кон растителна исхрана уште од 2002 година. Популарниот 51-годишен водител објаснил зошто чувствува речиси инстинктивна одбивност кон веганите.

Тоа го признал за време на разговор со шкотскиот комичар Даниел Слос во подкастот „Better Than Yesterday“, кој го води поранешната ѕвезда на шоуто „The Bachelor“. Двајцата разговарале за работите што особено ги нервираат во таа вечна идеолошка поделба на левица и десница, а Ошер тогаш признал дека му пречи дури и самиот збор „веган“.

„Ги мразам веганите, а и самиот сум веган“

„Еб**о ги мразам веганите, а и самиот сум веган“, рекол Ошер, со што Даниел очигледно се согласил. „Поради нив на луѓето им велам: ‘Ма, само се хранам со растителна исхрана.’ Никогаш не би го употребил тој збор.“


Продолжувајќи да објаснува што му пречи кај веганите, Ошер рекол дека му одат на нерви методите со кои некои порадикални вегани се обидуваат да ги преобратат луѓето што јадат месо. „Како, нема да ти пуштам снимки од кланица, нема да го правам тоа“, рекол. „Нема да ги изведувам оние чудни финти од типот ‘месото е убиство’ додека јадеш, ниту ќе кажувам: ‘Каков ти е вкусот на тоа лице?’“

Ошер додал дека има став кон храната „секој нека јаде што сака“, но смета дека погласните вегани сепак треба малку да се смират.

„За бога, луѓе, смирете се малку“

„Нема да зборувам такви работи. Што ставаш во уста е твоја работа, но за бога, луѓе, малку смирете се“, рекол. Додал и дека кај веганите особено му е одбивно тоа што некои од нив им наметнуваат на другите речиси невозможни стандарди.

„Она што не можам да го поднесам е тоа што никогаш не си доволно ‘чист’“, продолжил. „Тоа движење секогаш си прави сам на себе мечкина услуга, бидејќи се обидува да ги вовлече луѓето во тоа преку малтретирање.“

Ова доаѓа откако Ошер, кој боледува и од целијакија, јавно ги критикува веганските опции што се нуделе на доделувањето на наградите „Логи“. Споделувајќи во 2023 година необично видео во кое танцува, ја исмеал растителната храна што претходните години се служела на тие настани.

„Кога си веган и имаш целијакија на Логи, па сфаќаш дека вечерата не е некој проклет зеленчук на чинија“, напишал во описот.

Во коментарите водителот додал дека веќе се обложува какви ужасни опции за храна ќе му понудат оваа година. „Размислувам да го прашам „Sports Bet“ да отвори обложување за тоа. Квотата за зеленчукова кула е 1.27, но очајното рижото со печурки сè уште е во игра со квота 1.84“, рекол.

Уште во 2018 година, Ошер открил дека на тогашните Логи награди морал да си понесе сопствен оброк. Гостувајќи тогаш во емисијата „The Kyle & Jackie O Show“, објаснил зошто со себе ја донел сопствената вечера.

„Да, си ја донесов сопствената вечера на Логи наградите, ми беше дијагностицирана целијакија“, признал тој. „Веган сум, имам целијакија и не пијам. Јас сум најздодевниот човек во Сиднеј.“ Ошер продолжил: „Сè што содржи глутен може да ми предизвика проблеми. Ако глутенот стигне до моето тенко црево, а токму таму се одвива голем дел од апсорпцијата на храната...“


Потоа Џеки го прашала како успеал да ја внесе својата здрава вечера на тоа ексклузивно доделување награди. „Кој ти ја носеше?“ се надоврзала таа. „Не видов дека го носиш тоа по црвениот тепих.“

„Замолив една ПР-менаџерка да го понесе. Имав мала кутија за носење“, рекол низ смеа, објаснувајќи дека таа вечер изел здрав растителен оброк од еден од неговите омилени вегански ресторани.