Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека Иран сака да постигне договор, но дека сè уште не е подготвен за тоа, јави агенцијата Анадолија.
„Сакаат да склучат договор, но според мое мислење не се подготвени за склучување договор“, изјави Трамп за PBS News, додавајќи дека САД многу добро стојат во кампањата.
Тој претходно рече дека се согласил да разговара со ирански претставници, но истовремено предупреди дека нападите ќе продолжат доколку Техеран не ги исполни барањата на Вашингтон.
Говорејќи за островот Харк, главниот ирански терминал за извоз на нафта, Трамп изјави дека постројката е „вон функција“, но додаде дека намерно избегнувал напади врз нафтоводите, бидејќи обновувањето на таквата инфраструктура би траело со години.
„Не се ни приближивме до тоа“, рече тој, додавајќи дека повторно би го нападнал островот ако биде потребно.
На прашањето кога ќе паднат цените на нафтата, Трамп изјави дека очекува олеснување штом заврши војната и дека не верува дека тоа ќе трае долго.








