[ФОТО] Artist Republic 2026 ја обедини регионалната tattoo сцена во Скопје

Точка

16/03/2026

16:04

289

Големина на фонт

а а а

Со богата програма, силна креативна енергија и голем интерес од публиката, успешно заврши првото регионално издание на tattoo конвенцијата Artist Republic 2026, која во изминатиот викенд го претвори Скопје во место на средба на тату артисти, љубители на уметноста и креативната индустрија. Настанот се одржа во хотелот „Александар Палас“, каде во текот на два дена се одвиваше вистински фестивал на тату културата.

Конвенцијата собра околу 150 тату артисти од повеќе земји, кои пред посетителите ги претставија своите техники, стилови и уметнички пристапи. Во текот на двата дена, посетителите имаа можност да ја следат работата на уметниците во живо, да се запознаат со нивните приказни и да го почувствуваат креативниот процес што стои зад секоја тетоважа.


Посебен дел од програмата беше и натпреварувачкиот сегмент, во рамки на кој стручно жири ги избра најдобрите тетоважи во повеќе категории. Наградите беа доделени на артисти кои се истакнаа со техничка прецизност, оригиналност и силен уметнички израз.

Покрај тетовирањето во живо, конвенцијата понуди и простор за дружење, размена на идеи и поврзување меѓу артистите и публиката, додека музичката програма и придружните содржини создадоа динамична атмосфера која го збогати целокупното искуство.


Организатори на настанот се Skopje Tattoo Show и Great Heart Art, кои со ова издание ја поставија основата за развој на нов регионален настан посветен на тату уметноста.

Со учество на голем број артисти, силна поддршка од публиката и разновидна програма, Artist Republic 2026 потврди дека интересот за тату културата во регионот расте и дека ваквите настани создаваат важен простор за уметничка размена, инспирација и нови креативни соработки.


Организаторите најавуваат дека нивната цел е Artist Republic да продолжи да се развива и во иднина да стане препознатлив регионален настан кој ќе ги поврзува тату артистите и љубителите на оваа уметност од целиот свет.