Полицијата тресеше во Тетово, уапси четири лица и пронајде предмети од кривични дела

Макфакс

15/03/2026

12:10

306

Големина на фонт

а а а

Полициски службеници од СВР Тетово вчера извршиле два одвоени претреса со судска наредба, при што биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела, а приведени се вкупно четири лица.

Во 11:45 часот бил извршен претрес во автомобилска работилница на Б.И. (35) од Тетово. При претресот биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, по што биле лишени од слобода Б.И., Д.А. (27) од селото Мала Речица и С.Р. (30) од селото Долно Палчиште. Како што информира МВР, на овој случај му претходела пријава дека ноќта меѓу 12 и 13 март во Тетово било опожарено патничко возило „фолксваген туарег“.

Подоцна, во 15:55 часот, со судска наредба бил извршен претрес во дом и помошни простории кај И.Б. (43) од Тетово. И таму биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, по што И.Б. бил лишен од слобода. На овој случај му претходела пријава дека во Ургентниот центар во Тетово бил примен пациент со убодни рани од остар предмет.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.