Момче на возраст од 15 години се заканувало дека ќе постави бомба во училиште во Тетово

Макфакс

14/03/2026

16:08

562

Големина на фонт

а а а

СВР Тетово соопшти дека вчера е приведен 15 годишник од тетовско Џепчиште под сомнение дека испраќал закани дека ќе постави експлозивна направа и ќе изврши напад во средно училиште во Тетово.

Тој е лишен од слобода вчера околу 14 часот кога полициски службеници од СВР Тетово, постапувајќи по судска наредба, извршиле претрес во дом и помошни простории сопственост на неговиот татко Б.М. (44) од с. Џепчиште.


- При претресот биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. За време на претресот присуствувале и претставници од Центарот за социјални работи Тетово. Во врска со случајот, лишен од слобода е неговиот 15-годишен син, поради сомнение дека испраќал закани дека ќе постави експлозивна направа и ќе изврши напад во средно училиште во Тетово, информира СВР Тетово.

По целосно документирање и расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. Вчера за слични закани беше приведен и 18 годишник од Палатица.