Причината зошто евродизелот поскапе повеќе од бензинот лежи во структурата на глобалниот пазар на нафтени деривати и моменталната побарувачка за тоа гориво.
Дизелот е клучно гориво за индустријата и транспортот
Прво, дизелот е индустриско гориво. Тој се користи за камиони, бродови, градежна механизација, земјоделска механизација и голем дел од логистиката.
Кога има геополитички кризи или прекини во транспортот на нафта, побарувачката за дизел често расте побрзо отколку за бензин, бидејќи земјите и компаниите се стремат да обезбедат снабдување за клучните сектори на економијата., пишува "ДЕНАР".

Европа има недостиг од дизел со години
Второ, на европскиот пазар има структурен недостиг од дизел веќе неколку години. Европските рафинерии произведуваат помалку дизел отколку што му е потребно на пазарот, а претходно голем дел доаѓаше од Русија. По санкциите против Русија, Европа мора да го купува од подалечни пазари како што се Блискиот Исток или Индија, што автоматски ја зголемува цената.
Трето, моменталната криза на Блискиот Исток дополнително влијае на дизелот. Доколку постои ризик за транспорт преку Ормутскиот теснец, логистиката и поморскиот транспорт стануваат поскапи, а тоа директно се одразува на цената на дизелот бидејќи товарниот и транспортниот сектор го користи најмногу.
Постои и техничка причина. Дизелот и бензинот имаат различни берзански котации на деривати, а во последните недели, дизелот поскапе побрзо од бензинот на европскиот пазар.

Ккога државата ја одредува максималната цена на горивото, таа всушност ги следи тие меѓународни котации.
Затоа разликата е видлива сега: последен пат кај нас дизелот скокна за 14,5 денари, додека бензинот за 5 денари, бидејќи притисокот од меѓународниот пазар е многу посилен врз дизелот.
Остатокот од текстот прочитајте го на ДЕНАР.












