Хаман објасни зошто навивачите на Баерн повеќе го сакаат Кејн од Левандовски

Дерби

11/03/2026

07:45

353

Големина на фонт

а а а

Роберт Левандовски имаше супер успешна приказна со Баерн Минхен, тим во кој мина осум години, период во кој собори многу рекорди, постигна многу голови и освои титули со германскиот великан.

Баерн без него се мачеше да испорача она што се очекува откако се пресели во Барселона, но по доаѓањето на Хари Кејн одново баврците имаат гол машина како „деветка“, ас кој едноставно е лидер и може да испорача погодоци од секоја позиција на теренот.

Кејн е во Баерн од 2023 година, ама според Хаман ова е доволно за навивачите на клубот повеќе да го сакаат и ценат Англичанецот од Левандовски.

-Хари Кејн е обожаван од верните навивачи на Минхен бидејќи Роберт Левандовски отсекогаш го носеше етикетата дека е малку себичен. Мислам дека малку се промени кон крајот на својата кариера во Баерн Минхен. Но, Кејн е само тимски играч, се спушта во средина, се спушта во одбраната кога треба да се одбранат. Тој прави стартови на работ од шеснаесетникот, што Левандовски никогаш не го правеше. Мислам дека затоа е толку обожаван и сакан од верните навивачи на Баерн Минхен, -вели Хаман кој говореше и за можноста Хари да го собори рекордот на Роберт во Бундеслигата.

-Рекордот на голови во Бундеслигата е едно, но мислам дека она што треба да го направат е да одат подалеку оваа сезона бидејќи Кејн не станува помлад. Ако одат подалеку, дури и ако ја освојат Лигата на шампионите, мислам дека тој засекогаш ќе има место во срцето на верните играчи во Минхен, -заклучи Германецот.