Лос Анџелес Лејкерс го доби дерби дуелот со Њујорк (110:97) во рамките на неделната НБА програма, а Лука Дончиќ повторно беше најдобар поединец во редовите на тимот кој не сметаше на ЛеБрон Џејмс.
Ветеранот го пропушти натпреварот поради проблем со повреда, но Лејкерс немаа проблем да го совладаат составот од Њујорк, кој се уште има подобар ефект во актуелната НБА сезона.
Дончиќ го заврши натпреварот со 35 поени, 8 скокови и 5 асистенции, а зад него реализаторски беа Ривс со 25 и Хачимура со 13 поени.
Таунс со 25 и Брансон со 24 поени беа најдобри поединци кај Никс, екипа која има две победи, но и натпревар повеќе од Лејкерс во досегашниот дел од сезоната.
На првиот натпревар од неделната програма, Бостон славеше на гостувањето кај Кливленд со 98:109.








