[ФОТО] „Како идната кралица може да има вакви стапала?“: Кејт Мидлтон ги соблекла чевлите во јавност па ги шокирала сите

Точка

06/03/2026

19:03

2.017

Големина на фонт

а а а

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс и сопруга на идниот крал на Велика Британија, принцот Вилијам, одамна им се вратила на кралските должности по тешкиот период и хемотерапијата, па сега често ја гледаме во нејзините вообичаени активности.

Вчера Кејт го посетила Лестер, каде што била во обиколка на организацијата „The Aakash Odedra Company“, која секоја недела организира танцови програми во кои учествуваат околу илјада луѓе.


Во еден момент принцезата заиграла во боливудски стил, бидејќи оваа недела се одбележува Холи, индискиот фестивал на боите, љубовта и пролетта, а морала, како и собраните танчари, да ги соблече чевлите.


Како и сè што прави принцезата од Велс, и ова привлече големо внимание на социјалните мрежи, а на Икс веднаш се проширија фотографии од стапалата на Кејт Мидлтон во крупен план. На многумина тоа им беше повод за негативни коментари, па може да се прочита дека на принцезата очајно ѝ е потребен – педикир.


„Кејт Мидлтон, идната кралица на Англија, има стапала како кокошка“, „И покрај сите тие пари, не ѝ паднало на памет да ги среди испакнатините на палецот?“, „Дали ова е вештачка интелигенција? Како може една принцеза да има вакви стапала?“, „Можела барем да ги скрати ноктите“, „Толку луѓе се занимаваат со нејзиниот изглед, а никој не помислил да ѝ ги среди стапалата“… се само дел од коментарите.


Од друга страна, обожавателите на британското кралско семејство истакнуваат дека овие фотографии покажуваат дека принцезата од Велс сè уште носи најлонски чорапи, иако се шпекулирало дека ги исфрлила од гардероберот по смртта на кралицата Елизабета, на која ова ѝ било важно правило во облекувањето.