Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека договор со Иран е најдобриот пат напред за решавање на конфликтот на Блискиот Исток, пренесе „Гардијан“.
Тој нагласи дека Велика Британија прави „сѐ што може“ за да се смири ситуацијата и ја бранеше одлуката земјата да не се приклучи на првичните американски и израелски напади врз Иран.
„Долгогодишниот став на Британија е дека најдобриот пат – и за режимот и за светот – е договор со Иран според кој тие би се откажале од своите нуклеарни амбиции“, изјави Стармер.
Тој додаде дека Велика Британија ќе ја искористи својата воена и дипломатска моќ за заштита на британските граѓани и сојузниците во регионот.
Во меѓувреме, британските власти работат и на евакуација на граѓани од регионот, а Стармер предупреди дека операцијата е голема и дека ќе потрае извесно време.’








