[ВИДЕО] Погоден американскиот конзулат во Дубаи

Макфакс

03/03/2026

21:22

439

Големина на фонт

а а а

Пожар избувна во американскиот конзулат во Дубаи откако беше погоден од дрон, закој се сомнева дека е ирански, доцна вечерва, според регионалниот извор на CNN.

Пожарникарите изгаснаа мал пожар што избувна по нападот со беспилотно летало, а нема повредени.

Двајца сведоци потврдија за „Ројтерс“ дека може да се види чад како се издига од област во близина на конзулатот.