„Крикот и плачот на беспомошните и незаштитените во оваа држава ги слушаме дури откако засекогаш ќе згаснат“...
Вчерашниот случај којшто ја потресе македонската јавноста, а Тафталиџе го обои во црно по смртта на мајка и нејзината ќерка по пад од балкон е доказ дека системските грешки се најголемото зло кое може да му се случи на еден народ.
Семејното насилство во Македонија за жал е сè почесто и дел од секојдневниот живот на многу луѓе, а уште почесто жртвите на истото завршуваат трагично.
Братот на трагично загинатата жена, мајка, сестра Ивана, Александар Стојаноски, преку Фејсбук статус потенцираше дека не станува збор за самоубиство туку за убиство кое е резултат на потфрлање на системот кој не реагирал на семејно насилство врз неговата сестра кое било пријавувано со години.
Вчера Македонија изгуби мајка која трпела многу во животот, но и едно девојче кое никогаш не згрешило никому, со иднина пред себе.
Социјалните мрежи се преполни со револт по сознанијата дека оваа мајка и нејзиното девојче со години биле жртви на семејно насилство...




Се огласи и Наталија, сопругата на Андреј од ДНК, откривајќи дека младата Ивана чиј живот вчера згасна ѝ била колешка која ја познавала лично.
„Денес згаснаа уште два животи поради институционална неодговорност. Да не се повтори! Најискрено сочувство до семејството на Ивана, ми беше колешка и ја познавав лично. Нека почиваат во мир“.

Ќеркичката на младата Ивана била голем фан на ДНК и ги знаела сите нивни песни на памет.
На социјалните мрежи се споделува видео каде малечкото девојче пее заедно на сцена со двајцата други ангели – Андреј и Панчо од ДНК кои животот трагично го загубија по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
🌎
Posted by Ivana Jovanovski on Wednesday, December 18, 2024












