Голем концерт на Архангел на 13 јуни на Стадионот на АРМ во Скопје

Точка

02/03/2026

14:32

218

Големина на фонт

а а а

Моќниот звук на еден од најзначајните бендови во македонската музичка историја, Архангел, предводени од Ристо Вртев, повторно ќе прозвучи во живо пред публиката на голем концерт што ќе се одржи на 13 јуни на Стадионот на АРМ во Скопје.

Овој концерт не е само настап, туку прослава на 44 години творештво на Ристо Вртев – четири децении во кои Архангел станаа синоним за уметничка доследност и нескршлив столб на македонската рок сцена.

Како централен двигател и автор, Вртев низ годините успеа да го преточи колективниот немир во чиста уметност, поставувајќи ги стандардите на домашниот рок израз.

Овој концерт не е само настап, туку прослава на 44 години творештво на Ристо Вртев – четири децении во кои Архангел станаа синоним за уметничка доследност и нескршлив столб на македонската рок сцена.

Како централен двигател и автор, Вртев низ годините успеа да го преточи колективниот немир во чиста уметност, поставувајќи ги стандардите на домашниот рок израз.

Архангел во моментов интензивно работи на својот петти студиски албум, а македонската публика ќе има ретка привилегија премиерно да чуе дел од новиот материјал, додека првиот официјален сингл се очекува наскоро.

Концертот, симболично насловен „Срцевина“, е концептуално продолжение на длабоката поетика на Ристо Вртев.

Големото враќање на сцената и издавањето на новиот албум се реализираат во организација на издавачката куќа „Adriatica Records“, со седиште во Љубљана, чиј фокус е промоција и поддршка на квалитетен авторски звук во регионот.

 За Архангел важи правилото дека некои бендови не стареат – тие со времето стануваат подлабоки, позрели и послоевити. Формиран во 1988 година по иницијатива на Ристо Вртев, култниот скопски рок-состав одигра клучна улога во обликувањето на македонската рок сцена. Со јасен авторски интегритет и силна поетска експресија, Архангел создаде препознатлив музички јазик – спој на суров алтернативен рок и длабока лирска рефлексија на македонски јазик. Нивниот континуитет низ децении претставува редок пример на доследна уметничка визија во регионалниот рок-контекст.


Деби-албумот „Архангел“ (1991) беше прогласен за најдобар деби-албум на просторот на поранешна Југославија, поставувајќи ги темелите на култниот статус што бендот го ужива до денес. Креативниот подем продолжи со „Архангел 2“ (1993), издание што донесе значајни признанија и ја зацврсти нивната позиција на сцената, како и со „Heart Core“ (1998) – албум чиј промотивен концерт пред 8.000 посетители на Скопскиот саем останува запишан како еден од најзначајните настани во домашната рок историја.

Последното студиско издание, „Небесна машина“ (2003), заокружи една силна авторска фаза. Импозантната концертна историја на Архангел се протега од раните настапи на алтернативните сцени низ поранешна Југославија, преку историскиот концерт пред 8.000 публика на Скопскиот саем, до крупни сценско-музички проекти како „Архангелот над Скопје“ и концертната соработка со Македонската филхармонија.


Звукот што одгледа генерации и ја дефинираше македонската алтернативна културна сцена повторно ќе одекне во Скопје – обединувајќи ги оние што ја живееја музиката на Архангел и новите слушатели што ја откриваат автентичноста и бескомпромисноста на нивниот рок-израз.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 2 март, онлајн на www.karti.com.mk/arhangel и преку нивната продажна мрежа низ цела Македонија.