[ВИДЕО] „Scary Movie“ се враќа: Оригиналната актерска екипа повторно обединета во продолжението

Точка

02/03/2026

18:42

379

Големина на фонт

а а а

Излезе трејлерот за филмот „Scary Movie“. Во филмот глумат Марлон Вејанс („Shorty“), Шон Вејанс („Ray“), Ана Фарис („Cindy“) и Реџина Хол („Brenda“).

Првиот филм беше објавен во 2000 година и стана огромен хит – заработувајќи значително повеќе од самиот „Scream“.

Вкупно се снимени пет филмови од серијалот „Scary Movie“ – првите два ги режирал Кинан Ајвори Вејанс, следните два Дејвид Закер, а последниот, од 2013 година, го напишал Закер и Пат Профт, додека режијата ја потпиша Малколм Д. Ли.

Новиот „Scary Movie“, насловен едноставно „Scary Movie“, како што и петтиот „Scream“ го носеше само насловот „Scream“, го режирал Мајкл Тајдс, но филмот повторно обединува голем дел од оригиналната актерска и авторска екипа.

Браќата Вејанс го напишаа и продуцираа филмот, а Марлон и Шон ги повторуваат и своите улоги, додека се враќаат и двете оригинални хероини од серијалот, кои ги толкуваат Ана Фарис и Реџина Хол.

Првиот трејлер за филмот, кој минатиот викенд премиерно беше прикажан во кината заедно со „Scream 7“, содржи референци на неодамнешни хорор-хитови како „Scream VI“, „M3GAN“, „Halloween“, „Terrifier“ и други.