Гледачите на новиот поткаст на Бени Бланко, сопругот на Селена Гомез, се згрозиле од неговите валкани стапала.
Откако добитникот на Греми на 24-ти февруари заедно со својот пријател Лил Дики и неговата сопруга Кристин Баталуко го започнал мултимедијалниот поткаст „Friends Keep Secrets“, гледачите се фокусирале на еден прилично непријатен детаљ од емисијата.
Имено, на почетокот од првата епизода, додека Бени – кој во септември се оженил со Селена Гомез – седел на каучот и разговарал со ко-водителите, ги кренал нозете и ги открил табаните целосно прекриени со црна нечистотија.
Иако дел од гледачите коментираа дека „не можеле да престанат да се смеат“ додека тројцата разговарале за разни теми, од големината на половиот орган на Лил Дики до идеалните идни гости, други изразија згрозеност од хигиената на Бени. Исто така, Бени на почетокот од поткастот – испуштил гас.
„Добар поткаст, измиј си ги нозете Бени и измиј ги подовите“, напишал еден обожавател на Јутјуб, додека друг додал: „Тие стапала треба да се измијат со црево“. Еден гледач на платформата Икс го споделил своето мислење: „Годината е 2026, а Бени Бланко сè уште е заглавен во каменото доба“.
Пред неговите валкани стапала – кои на специјализираната страница „wikiFeet“ моментално имаат оценка три од пет ѕвезди – да се најдат во центарот на вниманието, Бени објаснил зошто со пријателите се впуштил во светот на поткастите.

„Во свет полн со Ендру Тејт и ужасни луѓе, видов можност затоа што сакам да поминувам време со моите пријатели“, изјавил тој за „The Hollywood Reporter“.
„А се случи така што моите двајца најдобри пријатели се најсмешните луѓе што ги познавам и можеби најсмешните луѓе на светот. Имаме толку еклектична група пријатели, па понекогаш личноста со која разговараме ќе биде мојата мајка, а понекогаш Селена Гомез“, додал 37-годишникот.
Од тајна врска до брак
Љубовната приказна на Селена Гомез и Бени Бланко започнала во јули 2023 година, приближно во времето на роденденот на Селена, како што самиот Бени открил во емисијата на Хауард Стерн во мај 2024 година. Сепак, гласините почнале да се шират дури кон крајот на 2023 година, а во декември Селена ги потврдила со коментар на Инстаграм.

„Тој е апсолутно сè во моето срце“, напишала таа за Бени и додала: „Тој е најдоброто нешто што ми се случило некогаш. Подобар е од кого било со кого сум била“. Набрзо потоа споделила и фотографија на која носела прстен со буквата „Б“, како и низа заеднички фотографии, вклучително и онаа на која се бакнуваат.

Свршувачка и венчавка
По нешто повеќе од една година врска, во декември 2024 година, пејачката ја објавила среќната вест. „Засекогаш започнува сега“, напишала таа покрај фотографијата од свршеничкиот прстен, на што Бени духовито искоментирал: „Еј, почекај … тоа е мојата жена“.

Своето деби на црвениот килим го имаа на доделувањето на наградите Еми во 2025 година, а се венчаа на 27 септември 2025 година во Санта Барбара. Меѓу гостите биле ѕвезди како Тејлор Свифт, Мартин Шорт, Стив Мартин и Пол Рад.











