Американецот Кент Барис кој на ТикТок е познат под името „Dine With Kent“, посетил еден босански ресторан - „Cafe Adel“ каде пробал ќебапи и бурек.
Кент во својот серијал веќе еднаш бил во босанскиот ресторан и пробал сарма, но таа не му се допаднала. Затоа неговите следбеници со потекло од БиХ брзо му препорачале да се обиде повторно, но овојпат со сигурни избори – бурек и ќебапи.
Неговото искуство погледнете го во видеото подолу.
Сопственикот му објаснил како се јадат ќебапи
Кент во ресторанот го сретнал и сопственикот Камал, кој му објаснил како се јадат ќебапи. „Откини парче лепиња, намачкај кајмак и само допри до кромидот – тој сам ќе се залепи. И потоа во тоа парче стави ќебап“, му објаснил Камал, а Кент навистина уживал.
Потоа пробал и бурек, на кој исто така намачкал малку кајмак, а неговата насмевка кажала сè: „Да, ова е добро!“, рекол Американецот.
А како поминало неговото искуство со сармите, погледнете подолу.






