Иако Астон Вила е присутна и е при врвот ќе биде вистинско чудо ако докрај издржи во трката за титулата во Премиер лигата, односно сите аналитичари, поранешни фудбалери, обложувалници веруваат дека борбата ќе ја водат Арсенал и Манчестер Сити.
Веќе се влезе во вториот дел од сезоната, но има уште многу да се игра, доста бодови се во игра и допрва ќе дојде она вистинското. Дени Марфи кој доста долго време играше на островот и во најсилната англиска фудбалска конкуренција верува дека „топчиите“ се во пол позиција по подолго време да бидат крунисани во шампионатот и притоа посочи која според него е предноста на Арсенал во однос на тимот предводен од Пеп Гвардиола.
- Може да се тврди дека Сити има голема сила и длабочина, но во моментов, би биле изненадени ако Арсенал ја испушти оваа шанса, јас дефинитивно би бил. Тие (Арсенал) играа против многу големи тимови на гостински терен, само Сити остана, - истакна Марфи и продолжи:
- Кога го гледам Сити, дури и на натпреварот против Челси, тие прават брилијантни работи, но потоа одеднаш има празнини насекаде. Тие се во добра серија, па не можете да ги потцените, но дефанзивно, чувствувате дека можете да постигнете гол против нив. Кога ги гледате, тие дозволуваат шанси, а Арсенал генерално не го прави тоа – тие имаат најдобра одбрана, - заклучи некогашниот ас на Ливерпул.






