Антоан Семењо во најскоро можно време треба да го потпише договорот со Манчестер Сити, но пред да дојде до тоа, крилниот напаѓач само потврди зошто важи за сензација на сезоната во Премиер лигата.
Во моменти кога го делеа минути од последниот судиски свиреж, Семењо изведе мајсторија и постигна гол на последниот натпревар во дресот на Борнмут, а со тоа се погрижи за бајковит крај на „Виталити стадионот“ на кој ќе остане запаметен само по добри нешта.
Семењо донесе победа против Тотенхем од 3:2 во 95-та минута, а тоа направи да биде поздравен од фановите со стоечки овации во период кога клубот ќе инкасира 65 милиони фунти за неговиот трансфер.
– Не е лесно да се направи тоа што го направи Семењо, многумина играчи не би постапиле исто и не би играле. Никогаш не бара изговори, тој беше подготвен да даде се што има. Го искористивме до последната секунда и ова е бајковит крај на една импресивна етапа.
– Навистина сум многу среќен за него, за реакцијата од навивачите и се она што се случи. Среќен сум и за неговиот трансфер, бидејќи навистина го заслужува тоа. Многу ќе ни недостасува, тој е играч кој не може да се замени. Не знам како ќе биде користен од новиот клуб, но тој е играч кој се подобрува секоја сезона и сигурен сум дека ќе биде уште подобар, – изјави менаџерот на Борнмут, Андони Ираола.
Simply incredible. pic.twitter.com/BgyzpjlaNn
— AFC Bournemouth 🍒 (@afcbournemouth) January 8, 2026






