[ВИДЕО] Николоски ги честиташе Бадник и Божик: 40 километри од автопатот Охрид-Кичево се во функција

Нетпрес

06/01/2026

18:11

5.653

Големина на фонт

а а а

Министерот Александар Николоски ги честиташе Божик и Бадник со ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево.

„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција.

Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божик.

Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба!

За многу години Божик и Бадник“, напиша Николоски во објавата на Фејсбук.