Изгубил контрола врз возилото и удрил во бетонски ѕид: Во сообраќајната незгода повредени двајца малолетници од Тетово

Макфакс

06/01/2026

13:55

559

Големина на фонт

а а а

Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Емин Бојана“ во село Бојане, скопско, 47-годишниот М.Ш. од село Рогле, тетовско, управувајќи патничко возило „ауди“ со италијански регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски ѕид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник од Тетово, додека со телесни повреди се здобила 14-годишна сопатничка од Тетово, констатирани во Клиничката болница Тетово и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.