[ФОТО] Сидни Свини заводливо позираше на премиерата на филмот: Тесниот бел фустан го истакна нејзиното бујно деколте

Точка

16/12/2025

14:00

1.145

Големина на фонт

а а а

Актерката Сидни Свини блесна на премиерата на филмот „The Housemaid“ во Лос Анџелес, појавувајќи се во бел фустан кој го истакна нејзиното бујно деколте.

На црвениот тепих, актерката го привлече вниманието со своето елегантно издание. Таа се појави во долг, тесен бел фустан со длабок V-изрез кој дополнително го нагласил нејзиното деколте.

Долниот дел од фустанот бил украсен со пердуви, што дополнително го потенцирал гламурозниот изглед. Косата ја носела пуштена, оформена во благи бранови, додека со шминката посебно ги истакнала очите, а усните ги нагласила со црвен кармин.


На социјалните мрежи, особено на платформата „X“, многумина го пофалија изгледот на Сидни.

„Очите на Сидни Свини навистина ја истакнуваат нејзината појава на премиерата. Му додаваат посебен шарм на нејзиниот изглед“, „Сидни Свини е прекрасна“, „Мораше да ги привлече сите погледи на премиерата во Лос Анџелес“, „Секогаш совршено балансира меѓу одважното и елегантното на црвениот тепих“, беа само дел од коментарите.


Иако воодушеви на црвениот тепих, Свини неодамна откри дека речиси се откажала од актерството. Во текот на 2025 година се соочи со бројни контроверзии, вклучувајќи ја и спорната реклама за „American Eagle“, што го доведе во прашање нејзиниот професионален пат додека работеше на неколку нови проекти.

„Пораснав со кикбокс, па сакав да пронајдам нешто физички понапорно. Го обожавав тоа, тренирав двапати дневно, секој ден. Се здебелив 35 килограми и се чувствував жива. Помислив: ‘Можеби ќе престанам со актерството и ќе почнам да се занимавам со бокс’“, раскажа Свини.


Таа додаде дека била горда на вложениот труд.

„Ги сакав борбените сцени. Сите борби во филмот беа засновани на вистинските борби на Кристи Мартин. Им реков на сите каскадерки: ‘Сакам да ме удирате’. И тие се согласија. Навистина одевме до крај. Имаше и крвави носеви. Сè беше вистинско“, изјави таа.