[ФОТО] Гламур, стил и самодоверба: Ема Блажевска повторно во центарот на вниманието

Точка

15/12/2025

11:00

1.137

Големина на фонт

а а а

Македонската инфлуенсерка и водителка Ема Блажевска беше една од најзабележителните дами на гламурозната забава во организација на „Убавина и здравје“.

Позната по својот префинет стил, самодоверба и впечатливо присуство, Ема уште еднаш покажа зошто важи за модна инспирација на социјалните мрежи.

Ема е активна во сферата на модата, убавината и lifestyle содржините, каде со години гради препознатлив личен бренд. Со својот автентичен пристап, таа привлекува внимание не само со изгледот, туку и со начинот на кој ја претставува женската сила, елеганцијата и современиот стил на живеење.

На настанот на „Убавина и здравје“, Блажевска се појави во црн, елегантен вечерен фустан кој совршено ја истакнува нејзината фигура. Посебно внимание привлече нејзината долга плетенка, украсена со златни детали, која ѝ дава драматичен и луксузен шмек на целиот стајлинг.


Шминката е прецизно избалансирана, со нагласени очи и елегантни усни, што дополнително ја истакна нејзината природна убавина.

Во еден момент, соодветно на темата на забавата, Ема се појави и со декоративна црна маска, создавајќи мистериозен и гламурозен ефект, совршено вклопен во атмосферата на вечерта. Со минимален, но внимателно одбран накит и мала свечена чанта, таа докажа дека знае како да остави силен впечаток без претерување.

Со ова појавување, Ема Блажевска уште еднаш потврди дека има изострено чувство за стил и дека со леснотија се издвојува на јавните настани. Нејзиниот изглед на забавата на „Убавина и здравје“ беше комбинација од елеганција, самодоверба и модна зрелост, токму она што ја прави една од најзабележителните инфлуенсерки на домашната сцена.

Автор: Ц.Н.