Го прашале Илон Маск дали верува во Бога: Неговиот одговор изненадил многумина

Точка

12/12/2025

19:30

1.355

Големина на фонт

а а а

Илон Маск, кој во минатото се декларирал како атеист, сега открил повеќе за своето духовно будење во последниве години, велејќи дека дошол до верување дека Бог постои.

Извршниот директор на компаниите „SpaceX“ и „Tesla“, кој претходно рекол дека не верува во ништо, сега изјавил дека се восхитува на создавачот на универзумот и прецизирал дека „Бог е Создателот“, пренесе „Daily Mail“.

„Верувам дека овој универзум е создаден од нешто. Луѓето имаат различни етикети (за Бог)“, објаснил Илон Маск во поткастот на Кејти Милер, која е во брак со Стивен Милер, еден од главните советници на Доналд Трамп.


Од 2022 година, 54-годишникот повеќе пати зборувал за растечкото почитување на основните христијански вредности, па дури и признал дека е „будала затоа што не ја почитувал нивната длабока мудрост“.

Минатата година, тој отишол дотаму што себеси се нарекол „културен христијанин“, фалејќи ги учењата на Исус за љубовта, љубезноста и простувањето поради нивната мудрост и општествена вредност.

Меѓутоа, гостувајќи во поткастот на Кејти Милер, Маск рекол дека нашиот творец може едноставно да управува со огромна компјутерска симулација, а нашите животи не се ништо повеќе од „нечија видеоигра“.


Тој, исто така, шпекулирал дека нашиот свет може да биде „вонземска Нетфликс серија“, велејќи дека целта на животот затоа би била да го одржува човештвото возбудливо за да се зголеми нашиот „рејтинг“ и да го спречиме нашиот творец да го исклучи компјутерот.

„Дали рејтинзите се добри?“, прашала Милер.

„Да“, веднаш одговорил Маск. „Ако ја примените Дарвиновата теорија (теоријата за преживување на најспособните) на теоријата на симулации, тогаш само најинтересните симулации ќе продолжат… Затоа најинтересниот исход е најверојатниот бидејќи е или тоа или уништување. Значи, навистина, имаме една цел. Да го одржиме интересно“, објаснил тој.