[ФОТО] Од медал до потерница: Погледнете ја фотографијата на најбараниот бегалец на „FBI“ – познат спортист денес е нарко-бос!

Точка

12/12/2025

14:06

1.324

Големина на фонт

а а а

„FBI“ нуди награда од 15 милиони долари за оној што ќе достави информации за Рајан Вединг!

„FBI“ прави сè за да го пронајде Рајан Вединг и понуди дури 15 милиони долари награда за информација за тоа каде се наоѓа. Доколку ова име ви звучи познато, можеби сте го слушнале за време на Зимските олимписки игри, бидејќи Рајан Вединг е познат канадски сноубордер кој во меѓувреме стана еден од најбараните бегалци.

Станува збор за еден од најголемите нарко-дилери во светот, кој постојано го менува личниот опис и веќе подолго време им бега дури и на американските разузнавачки служби. Поради тоа, објавена е и неговата најнова фотографија, направена ова лето во Мексико:

„Тој може да ја смени бојата на косата, личниот изглед, прави сè за да остане во бегство“, соопштија од „FBI“, додавајќи дека се блиску до негово апсење, откако минатиот месец беше уапсен и еден од неговите најблиски соработници – Рашид Паку Хосеин – кој исто така е обвинет за трговија со кокаин и перење пари.

Според наводите на „FBI“, Вединг е дури и „одговорен за осмислување програма за борба против трговијата со дрога и нарко-тероризмот каква што досега не е видена“, додека американската државна обвинителка Пем Бонди додава дека тој организирал убиство на еден федерален сведок.

Поранешниот олимписки спортист, кој ја претставуваше Канада на Зимските олимписки игри во 2002 година, е вмешан во убиството на тој сведок во колумбискиот Меделин во јануари 2025 година. Сè повеќе информации укажуваат дека го штити озлогласениот картел Синалоа во Мексико, со кој заедно дистрибуира кокаин во Канада и остварува годишен профит од околу една милијарда долари.