Јанко Илковски, автор на култната емисија „Јади бурек“ која со години зрачеше во телевизискиот етер, соопшти дека емисијата престанува да се емитува.
Во објавата која ја напиша на социјалната мрежа Фејсбук, а која привлече големо внимание, Илковски соопшти и дека ја продава сценографијата, но и дека во повеќегодишната работа пред малите екрани, во поголем дел од времето бил хонорарец.
Неговата објава ви ја пренесуваме во целост:
„СЕ ПРОДАВА СЦЕНОГРАФИЈА
Панели, позадина, голема маса, стаклена округла маса и полица. (не столиците, тие не се на продажба) понеудете цена, колку побргу толку поевтино ќе ја дадам - ваш транспорт, преземање директно од студиото на ТВ Сонце во наредните пар дена. Ако не си ја собирам и ќе седи кај мене дома, но тогаш цената многу повисока, поради транспортни трошоци.
ПС
Инаку, Јади Бурек престана да се емитува. Благодарам за дружбата. За судбината на ТВ.
СЕ ПРОДАВА СЦЕНОГРАФИЈА
Панели, позадина, голема маса, стаклена округла маса и полица. (не столиците, тие не се на...
Posted by Janko Ilkovski on Wednesday, November 26, 2025
Сонце не ме прашувајте, не е мое да кажам, никогаш не бев вработен таму, вечен хонорарец, затоа и немам никаква потреба ни да објаснувам.
- Засега нема интерес од друга ТВ Јади Бурек да ја преземе
- Засега немам чисти услови да стримам + немам спонзори, а не сум ги ни имал, пеј пер вју не може да покрие ни сметка за интернет, а камо ли останато.
- Имам други здравствени искушенија и тука ми е фокусот“.
Под објавата тој доби многубројни коментари од своите обожаватели:
„Жив и здрав да си бате Јанко, пораснавме со твојот бурек, доста е, уживај во "пензијата" нека се мачи сега некој млад пилиштарец...“, „Јади бурек ќе фали, имаше едно време и емисии кои ги водеше до доцна во ноќта и тоа со саати траеше...“, „Еден и единствен беше Јанко јади бурек“, „Бате Јанко, Јади бурек е бренд...“.











