Брендан Фрејзер и Рејчел Вајс се враќаат во легендарните улоги 26 години по премиерата филмот „Мумија“

Точка

06/11/2025

19:50

976

Големина на фонт

а а а

Американско-канадскиот актер Брендан Фрејзер се враќа во својата улога од „Мумијата“ по 26 години од објавувањето на првиот дел.

Според магазинот „Пипл“, познатиот актер ќе ја повтори својата улога во продолжението на култниот филм, заедно со неговата колешка Рејчел Вајс. Тие моментално се во преговори за продолжување на популарната франшиза на „Јуниверсал пикчерс“.

Се очекува филмот да го режираат дуото од „Радио Силенс“, Мет Бетинели-Олпин и Тајлер Џилет, кои претходно режираа хорор филмови како „Ready or Not“, „Scream“ и „Abigail“.


Деталите за заплетот за продолжението на „Мумија“ и потенцијалниот датум на премиерата не се откриени.

Фрејзер (56) и Вајс (55) првпат ги играа Рик и Евелин О’Конел во филмот од 1999 година „Мумијата“, режиран од Стивен Сомерс.

Потоа следеше „Враќањето на мумијата“ од 2001 година (кој го означи дебито на Двејн Џонсон). Фрејзер се врати за продолжението од 2008 година, „Мумијата: Гробницата на змејскиот цар“, а Марија Бело ја презеде улогата на Евелин.

Камбекот на Фрејзер по Оскарот

По подолго отсуство од Холивуд поради здравствени и лични проблеми, Брендан Фрејзер доживеа големо враќање со филмот Kit (The Whale) од 2022 година, кој му донесе Оскар за најдобар актер.

За време на промоцијата на тој филм, Фрејзер откри дека со задоволство би се вратил на улогата на Рик О’Конел, но само ако сценариото ја има вистинската енергија и духот на оригиналот. „Не знам како би функционирало“, тогаш рече за „Variety“. „Но, би бил отворен за тоа ако некој смисли вистинска концепција.“


Актерот исто така коментирал за неуспехот на верзијата на Круз. „Тешко е да се сними тој филм. Состојката што нашата „Мумија“ ја имаше, а која ја немав видено во новата, беше забава. Тоа е она што недостасуваше на таа инкарнација. Беше премногу класичен хорор филм. „Мумија“ треба да биде возбудлива авантура, а не страшна и застрашувачка“, додал тогаш актерот.

Ако сè оди според планот, Фрејзер и Вајс можат повторно да ја оживеат франшизата која ја спои авантурата, хуморот и романтиката во еден од најомилените филмски серии на своето време.


Ако сè оди според планот, Фрејзер и Вајс можат повторно да ја оживеат франшизата која ја спои авантурата, хуморот и романтиката во еден од најомилените филмски серии на своето време.