[ВИДЕО] Тип со „Rolex“ објаснувал на „CNN“ што е економично – соговорникот го „спуштил“

Точка

05/11/2025

11:58

1.181

Големина на фонт

а а а

Конзервативниот политички коментатор Скот Џенингс наиде на остар одговор за време на панел-дискусија на „CNN“, откако се обиде да го коментира прашањето за економичноста на животот во Соединетите Американски Држави.

Дискусијата се одвиваше пред изборите за градоначалник на Њујорк, а покрај Џенингс учествувал и Дејвид Хог, преживеан од пукањето во средното училиште Паркленд и познат политички активист.

Зохран Мамдани бил тема на разговор

Тема на разговорот бил Зохран Мамдани, кој се опишува како демократски социјалист. Џенингс изрази сомнеж во неговите способности за управување со градските финансии и изјави дека Мамдани „веројатно ќе победи“, додавајќи: „Мислам, тоа е демократски град и ќе изберат социјалист за да ја води финансиската престолнина на светот“. Мамдани на крајот беше избран за градоначалник на Њујорк.

Џенингс потоа ја спомена донацијата од 300.000 долари која Мамдани ја примил од прогресивната група „Leaders We Deserve“, и рече: „Тоа веројатно се единствените илјади долари што не ги добил од исламо-марксистите“.

Мажи со „Rolex“ на „CNN“

Неговите изјави предизвикаа реакција од Хог, кој укажа на причините за популарноста на Мамдани.

„Искрено, мислам дека дел од причината зошто е толку моќен е тоа што луѓето се уморни од тоа мажи со „Rolex“ часовници на „CNN“ да ги подучуваат за економичноста во оваа земја. Тоа е вистинската причина зошто тој сега „одекнува“ помеѓу избирачите“.

Изјавата на Хог предизвика голем одѕив на социјалните мрежи. Еден корисник коментираше: „Ништо не ми е поубаво од тоа да го гледам Скот Џенингс како останува без зборови“. Друг додаде: „Ова навистина го погоди“, додека трет напиша: „Ве молам, вбризгајте ми го ова директно во вените“.