[ВИДЕО] Зохран Мамдани, новиот градоначалник на Њујорк, прослави со боливудски хит

Макфакс

05/11/2025

13:18

738

Големина на фонт

а а а

Прославата на победата на Зохран Мамдани на изборите за градоначалник на Њујорк имаше неочекуван носачл на звук – популарната боливудска песна „Дум Мачале“ одекнуваше во салата додека новиот градоначалник го славеше историскиот момент, објавува „Хиндустан тајмс“.

На 34-годишна возраст Мамдани влезе во историјата станувајќи не само првиот муслимански градоначалник на Њујорк туку и најмладата личност избрана на функцијата во последните сто години.

Демократскиот социјалист победи со прогресивна програма поразувајќи ги поранешниот гувернер Ендру Куомо и републиканецот Кертис Слива.