Прогласена е новата најбезбедна земја за туристи: Таму најголема опасност се - велосипедистите

Точка

04/11/2025

18:42

1.171

Големина на фонт

а а а

Холандија годинава е прогласена за најбезбедна земја во светот, според рангирањето на „Berkshire Hathaway Travel Protection“.

Земјата е пофалена поради својот мирољубив став, многу високи оценки за здравствените мерки и општата безбедност, како и безбедноста на жените, ЛГБТ патниците и патниците од различни раси. Холандија годинава се искачи на врвот на листата, откако во 2024 година беше на 14-то место.

„Забележуваме промена во начинот на кој патниците го дефинираат поимот ’безбедно‘“, изјави портпаролот.


„Не станува збор само за стапката на криминал. Луѓето сè повеќе ги земаат предвид пристапот до здравствена заштита, климатската стабилност и инклузивноста. Учесниците во анкетата сметаат дека Холандија предничи во сите овие аспекти, поради што толку силно одекнува кај патниците за 2026 година.“

Кога станува збор за опасностите во Холандија, најголемата закана доаѓа од брзите велосипеди во градовите како Амстердам, што може да го направи преминувањето на улиците ризично за оние кои не се навикнати на тоа, пренесува „Travel + Leisure“.


Исланд, кој минатата година беше број еден по безбедност, годинава падна на четвртото место, иако и понатаму се смета за најмирна земја во светот. Најголемата опасност таму се вулканските ерупции.

Второто место оваа година ѝ припадна на Австралија, која е високо оценета според здравствените мерки и безбедноста од тероризам. Австрија се најде на третото место (минатата година воопшто не беше на листата), а Канада ги заокружи првите пет.

Ова се 15-те најбезбедни земји во светот:

1. Холандија


2. Австралија

3. Австрија

4. Исланд

5. Канада

6. Нов Зеланд

7. Обединети Арапски Емирати

8. Швајцарија

9. Јапонија


10. Ирска

11. Белгија

12. Португалија

13. Франција


14. Обединето Кралство

15. Данска