Министерството за надворешни работи на Италија денес го повика на разговор рускиот амбасадор во Рим, Алексеј Парамонов, со цел да испрати официјална протестна нота поради изјавите на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, за уривањето на дел од историската кула Торе деи Конти во центарот на Рим, изјавија дипломатски извори за италијанската новинска агенција ANSA.
Во порака објавена на нејзиниот Телеграм канал, Захарова го поврза инцидентот со воената поддршка на Италија за Украина, наведувајќи дека „Италија целосно ќе се распадне, од економијата до нејзините кули, сè додека нејзината влада продолжува да ги расипува парите на даночните обврзници“. Таа додаде дека, според податоците од руското Министерство за надворешни работи, Италија досега издвоила 2,5 милијарди евра помош и воени придонеси за Киев, објави римскиот весник „Масаџеро“.
Италијанското Министерство за надворешни работи ги оцени изјавите на Захарова како „срамни и загрижувачки“, истакнувајќи дека тие „ја потврдуваат длабочината на вулгарноста во која западна руската политичка елита“.
„Никој во Италија не би помислил да се радува или да ја искористи трагедијата, додека народот на Италија е сè уште погоден од катастрофата“, изјавија извори од италијанското Министерство за надворешни работи за „Масаџеро“, додавајќи дека Италија останува посветена на „солидарност и пријателство со послабите, оние кои се во неволја и се нападнати, и затоа го поддржува украинскиот народ“.
La Torre dei Conti ai Fori Imperiali, a Roma, è parzialmente crollata. Erano in corso dei lavori di ristrutturazione della torre. Sul posto sono presenti gli agenti della Polizia di Roma Capitale e sono in corso le verifiche per capire se ci siano persone coinvolte dal crollo.… pic.twitter.com/xGZjs9PkqU
— Repubblica (@repubblica) November 3, 2025
Порано денес, еден работник беше хоспитализиран со сериозни повреди на главата, додека друг беше заробен под урнатините по делумното уривање на средновековна кула која се реставрира во историскиот центар на Рим.
Кулат висока 29 метри, не беше во употреба од 2006 година, но се работеше на нејзина реставрација како дел од четиригодишен проект што треба да биде завршен следната година, објавија властите во Рим.
Поради реновирачки работи, областа околу кулата беше затворена за пешаци.
                                










