Следејќи стара мапа, открил нешто неверојатно: Сè било скриено во заборавена шума – снимката кажува се!

Точка

01/11/2025

09:03

1.995

Големина на фонт

а а а

Љубителот на историјата Крис Гледхил решил да ги следи ознаките на една стара мапа, која, како што тврди, потекнува од 1850-тите години — и останал шокиран од тоа што го пронашол.

Старата карта прикажувала две локации означени како „извор“ („Spring“) и „лековит бунар“ („Physic Well“), што веднаш ја разбудило неговата љубопитност и историска страст.

„Денес е тешко да се најдат“

„Обожавам стари мапи. На нив се означени толку многу фасцинантни историски места што не можете да ги видите на модерните апликации како „Google“ или „Apple Maps“, објасни Крис.

Тој решил да ја сними својата авантура и да ја сподели со следбениците на „TikTok“. Истражувајќи ја англиската грофовија Оксфордшир, Гледхил поминал покрај стари куќи со сламени кровови од 14. и 15. век, пред да се упати длабоко во шумата.

Првата цел му била да го пронајде „лековитиот бунар“, за кој верувал дека претставува древно паганско свето место, старо повеќе од 2.000 години.

„Денес е многу тешко да се најдат вакви места, но тие сè уште се обележани на старите мапи“, рече Крис додека внимателно го пребаруваше шумскиот терен.


Останал без здив

На крајот успеал да го пронајде „лековитиот бунар“ — природен базен со камен раб, изграден од човек пред многу векови.

„Видете, има форма на када, а водата ја обезбедувал природен извор. Така е и обележано на старата мапа“, објасни Гледхил.

Потоа продолжил до локацијата означена како „извор“, каде што она што го видел целосно го оставило без зборови, пренесува „Mirror“.

Остатоци од древни скалила

„Очекував дека ќе најдам само уште една дупка во земјата, ништо вака ’раскошно‘. Ова место е апсолутно неверојатно! Имаме стар бунар од кој некогаш истекувала вода“, им објасни на гледачите.

Од десната страна се забележуваат остатоци од камени скали што воделе кон поранешен базен со изворска вода. Крис открил и необичен камен обликуван како сад со странични испакнатини.

„Немам поим за што служел. Денес е речиси суво, но дното сè уште е влажно и калливо. Мислам дека по посилни дождови водата повторно би почнала да извира од оваа дупка“, додаде тој.

На крајот, Гледхил со восхит истакнал дека „луѓето пред повеќе од 2.000 години се симнувале по тие скали за да се капат во изворска вода — можеби во надеж за исцелување или плодност“.

@cgledhill I love looking at old maps. There is so much cool historical stuff marked on them that you can’t see on the modern google/apple maps. Here we find a couple of 2000+ year old pagan holy wells. They would likely have been used for drinking water, spiratual purposes and probably had some perceived medicinal properties. #history #historytok #historytime #hiking #exploring ♬ オリジナル楽曲 - haido

Сад скриен под камен

Еден корисник на „TikTok“ коментирал: „Се прашувам што би било потребно за овие извори повторно да се активираат.“

Крис му одговорил: „Мислам дека локалните фарми го нарушиле подземниот воден систем, бидејќи користат дел од изворите за наводнување. Веројатно би требало да престанат со тоа некое време за нивото на водата да се врати на старото.“

Под еден камен, Гледхил открил пластична кутија во која луѓето оставале ситници — како доказ дека го посетиле древниот извор. Тоа откритие уште повеќе го воодушевило младиот истражувач.