Екс претседател на Барселона испрати совет до Јамал и закачи ѕвезда на Реал: Кој е тој?

Дерби

28/10/2025

14:24

955

Големина на фонт

а а а

Зад нас е првото Ел Класико во оваа сезона, пресметка која му припадна на домаќинот или во случајот Реал Мадрид кој триумфираше над Барселона со резултат 2-1.

Со овој триумф „кралевите“ направија предност од пет бода на табелата што е добра позитива во овој дел од сезоната, плус секако го зголемија притисокот врз лутиот ривал и бранител на пехарот.

Средбата на „Бернабеу“ не можеме да мине без препирки, конфликти, особено на крајот кога дел од играчите на Реал се обидоа да делат своја правда, да одговорат на коментарите кои младиот Ламин Јамал ги даде пред натпреварот.

Во прв план беше капитенот на Реал Дани Карвахал кој ја направи збрката и потоа се тргна на страна, но тоа сигурно нема да биде заборавено од играчите, подржувачите и навивачите на Барселона.

Поранешниот претседател на каталонците, Жоан Гаспарт имаше можност да даде коментар за случувањата, па го подбра искусниот шпански репрезентативец.

- Кој по ѓаволите e Карвахал? Тој беше одличен играч, но сега е готов. Зошто Ламин би го повикал ако неговите изјави воопшто не беа насочени кон него?, - вели Жоан кој имаше што да каже и порача за Јамал.

- Ламин не е најдобар на светот, а не беше ни минатата сезона. Може да стане најдобар еден ден, но сè уште не го достигнал тоа ниво. Ако не е во целосна физичка кондиција, подобро е да престане и да не игра. Треба да учествува само кога е целосно во форма и да не остава простор за изговори. Мора да престане и правилно да се опорави. Јасно е дека треба да се грижи за него, но Барса е поголема од него. Има навивачи кои многу го сакаат и тој не може да ги разочара. Мора да ја врати нивната доверба и да сфати дека луѓето знаат дека, и покрај неговите години, тој заработува плата како 30-годишен играч, - порача Гаспарт.