Алегри за летното засилување: Очекуваме многу од него

Дерби

28/10/2025

13:24

297

Големина на фонт

а а а

Овие денови ќе се одигра ново коло во италијанската Серија А, а еден од мечевите кој ќе ја одбележи 9. рунда е оној во Бергамо меѓу Аталанта и Милан.

Ова ќе биде сериозен тест за „росонерите“ против единствената непоразена екипа во Калчото со тоа што мора да се потенцира дека Аталанта има само две победи, додека останатите средби ги одигра без победник.

Тренерот Масимилијано Алегри одново нема да може да смета на неколку важни играчи, ама тие што се фит и подготвени мора да го дадат максумумот. Еден од нив е Кристофер Нкунку кој може да го има првиот старт во шампионатот.

- Нкунку беше недостапен неколку дена; има извонредна техника. Ќе одлучам јас дали да го ставам во старт или не: очекуваме многу од него, - рече Макс.

- Леао може да постигне добар број голови, неговата физичка подготвеност се подобрува и станува сè посигурен во своите способности како напаѓач. Треба да се подобри во шеснаесетникот, треба да биде попрецизен. Може да расте, како и остатокот од тимот, - дополни стратегот.