Буфон за главниот кандидат за наследник на Тудор: Не може да загубите многу со таков тренер!

Дерби

28/10/2025

11:16

318

Големина на фонт

а а а

Јувентус ова попладне му врачи отказ на Игор Тудор и Хрватот беше ослободен од обврските по лошата серија на резултати во која влезе тимот, но веднаш после ваквото соопштение од клубот, италијанската јавност почна да пренесува информации за потенцијалните имиња како наследници.

Во прв момент, посебно се истакнаа Лучијано Спалети и Роберто Манчини, но голем дел од италијанските медиуми уверуваат дека во овој момент најблиску до клупата на Јувентус е неодамнешниот италијански селектор.

Се погласни се шпекулациите дека Спалети како поранешен тренер на Наполи ќе го преземе тимот на Јуве кој е во голема криза, а оваа опција ја одобрува и Џанлуиџи Буфон.

За време на церемонијата која се одржала денеска во организација на „Кориере дело Спорт“, Буфон добил кратко прашање за шпекулациите кои кружат во јавноста, по што Џиџи дал краток одговор.

– Според мене, Лучијано е правилен избор за секој клуб кој сака да остане амбициозен. Не може да загубите многу со тренер како Лучијано, – изјавил Буфон.