Гол што ќе се врти: Мајсторија од половина терен го одбележа дербито во Бугарија

Дерби

28/10/2025

11:13

401

Големина на фонт

а а а

Лудогорец со години е најдобар тим и доминира во бугарскиот фудбал, но оваа сезона се соочува со доста проблеми и нема да му биде лесно да ја одбрани титулата.

Вчера клубот од Разград го доживеа првиот пораз и тоа во дерби натпреварот со ЦСКА 1948 Софија, тим кој е пред нив на табелата.

Домаќините славеа со 5-4 во средбата во која потегот го имаше интернационалецот од Аргентина, Брајан Габриел Собреро.

Собреро забележа дека гостинскиот голман не е добро позициониран и успеа да погоди од преку половина терен.